|
Совет за сопствениците на вебсајт
Кога веќе ќе имате вебсајт (нормален или блог), најважните работи на кои треба да мислите се:
1. Да ги содржи СИТЕ зборови по кои би Ве нашле;
2. Да има содржина што буди ИНТЕРЕС;
3. Скратете го ВРЕМЕТО, купувачот да го добие понуденото
Ако ги обезбедите овие работи, вебсајтот ќе Ви носи ЌАР!
Ако тоа не го обезбедите, вебсајтот ќе Ви биде само уште една грижа плус...
Како да ги обезбетите тие основни работи?
Еве како - од почеток:
1. Да ги содржи сите зборови по кои би ве нашле
- Направете список на зборовите од дејноста со која се бавите и зборовите од Вашата понуда.
На пр.: Еден трговец со моторцикли и опрема, во списокот на зборови од неговата дејност би внел: салон за моторцикли, трговија со моторцикли, трговија со опрема, салон за моторцикли и опрема, итн.. (буквално сите зборови на кои ќе ви текне)!
а во списокот на зборови поврзани со понудата: моторцикли, скутери, ракавици, кациги, јакни, чизми, кондури итн... (исто така буквално сите зборови).
Ставете ги на вебсајтот. Така сувопарно и без да мора да ги поврзувате во приказна.
2. Да има содржина која е барана и буди ИНТЕРЕС
- Ако се бавите со трговија на спортски реквизити и муштерии Ви се луѓе кои редовно играат мал фудбал - ставете ги на сајтот правилата за игра на мал фудбал! Ако некој ги бара, ќе има каде да ги најде!
Ова правило важи за сите дејности: ако продавате здрава храна, ставете рецепти за припрема на некое јадење со вашите продукти; ако имате забна ординација, ставете упатство за правилна нега на забите..
Ние тоа го правиме со оваа вебстрана „Сајт Совети“. Сигурни сме дека ќе Ви помогне Вам и на Вашите пријатели. Направете го истото и Вие за Вашите посетители.
3. Скратете го ВРЕМЕТО купувачот да го добие понуденото од вас
- Најчесто на интернет бараат оние, на кои нешто им треба. И тоа во овој момент!
На вебсајтот внесете ги сите информации кои му се потребни за тој веќе да одлучи дека купува кога ќе дојде кај Вас. Сите прашања кои тој би ги поставил лично или преку телефон, имајте ги на увид на вашиот вебсајт. Така покажувате почит кон неговото време, истовремено штедејќи го своето.
Покажете му за вашето искуство и кредибилитет, дали го имате предметот или услугата што му треба, карактеристики и слики, цена, каде да ве најде!
Многу бизниси си олеснија применувајќи ги овие едноставни правила.
горе
|